PC Service е компанија од Битола, чија основна дејност е поправка и одржување на компјутери и компјутерски компоненти. Во нашиот сервис може да добиете стручна помош од професионалци по најефтини цени во градот. Нашите вработени се секогаш посветени на желбите на клиентот.

Покрај овие услуги нудиме и услуги од областа на програмирање како и web дизајн. Цените не се строго дефинирани и варираат зависно од вашите потреби. Доколку сакате ние да ви помогнеме да ги остварите вашите цели, закажете состанок на еден од телефоните кај нашите дежурни или пак пополнете ја контакт формата со вашите желби и потреби, па ќе Ве контактираме.


